Тенк Абот ја победи смтта пет пати, сега мечтае да се врати во кафезот на 53 години

Ветеранот во ММА, Тенк Абот, може и да е 53 години, но тоа не му пречи да сонува за нови подвизи во кафезот.

Дејвид Ли Абот – Тенк е поранешен борец на УФЦ, а се натпреваруваше и во Прајд, Страјкфорс и други. Неодамна симна 45 килограми и беше подложен на операција на црниот дроб. Лекарите му рекоа на Абот дека починал пет пати во текот на операцијата. Освен тоа, неколку пати имаше срцев удар поради оштетениот црн дроб. Колку и да звучи неверој, Абот сè уште сонува за битка во кафезот.

„Се опоравувам по многу сериозна операција. Добив нов црн дроб и во моментов сè е во ред. Операцијата не беше без компликации, бидејќи лекарите ми кажаа дека сум починал пет пати на операционата маса. Исто така, доживеав повеќе од 6 срцеви удари, но сѐ уште сум тука и преживеав. Тоа беше мојата најтешка битка, но јас сум тука. Сепак, огнот гори во мене и сакам да ги правам работите што ги сакам, а сакам да клоцам задници“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON