Книгата на Хабиб распродадена во Русија по цена од 10 евра

За неколку дена е распродадена автобиографијата на шампионот на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, во Русија.

Хабиб и неговиот пријател Курбанов ја пишуваа книгата две години и има 300 страници. „Орелот“ вели дека книгата ќе биде преведена на англиски, арапски, хинду, кинески и турски јазик. Преводот на португалски јазик се разгледува и поради тоа што победи четири бразилски борци и се надева дека луѓето ќе имаат интерес за книгата. Неговата книга ќе биде објавена на англиски јазик кон крајот на февруари, а преводот веќе е започнат.

https://www.instagram.com/p/BrPpnFbAaj7/?utm_source=ig_embed

Денес претседателот на ФНГ, Камил Гаџиев, позираше со Хабиб и рече дека неговата книга чини 790 рубли, што е еквивалент на 10 евра.

https://www.instagram.com/p/BrQLYssnONS/?utm_source=ig_embed

Во последната борба во октомври Хабиб ја одбрани титулата против Конор Мек Грегор, а сега е суспендиран од страна на Атлетската комисија на неодредено време, а на сослушувањето ќе се појави во јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО