Тендерот за избор на организаторот за мечот меѓу Владимир Кличко (Украина) и Тајсон Фјуи (Англија) ќе се одржи на 6 јули. Иницијатор на ваквиот избор е Светската боксерска асоцијација. Токму во СБА (WBA) Англичанецот е кандидат број еден за титулата. На претстојната средба ќе бидат ставени во залог уште две круни на Украинецот.
Во вториот натпревар Кличко успеа да издејствува специјално распределба на хонорарите од мечот. Поделбата повторно е во негова корист. Тој ќе добие 80 отсто од вкупниот износ, додека останатите 20 проценти се за Фјури.
Официјално според правилата на светските боксерски организации шампионот добива 75 проценти наспроти 25 за предизвикувачот.
https://youtu.be/5PpBQtA8e1k