Телохранителот: Тајсон имаше секс пред секоја борба, зашто се плашеше дека ќе убие некого

Поранешниот возач и телохранител на Мајк Тајсон, Руди Гонзалес раскажа детали од минатото кога боксерот имал проблеми со анксиозност поради што пред борбите морал да има секс за да се опушти.

Гонзалес во интервју за „Сан“ откри дека Тајсон имал секс со непознати жени пред влегувањето во рингот и тоа му помагало да се смири.

„Мајк постојано ми зборуваше дека ќе убие некого ако нема секс пред борбите. Мораше да го направи тоа за да се ослободи од енергијата, па така морав да носам девојки во соблекувалната. Негов најголем страв беше да не убие некого во рингот затоа што можеше да се случи тоа“, открива Гонзалес.

Тајсон бил напуштен од татко му кога се родил, а мајка му починала во 1982 година, кога имал само 16 години.

„Никогаш не доживеав да ја направам горда мајка ми поради тоа што постигнав нешто. Никогаш немав шанса да разговарам со неа, а тоа ме боли“, кажа Тајсон во интервју во 2012 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON