Французинот Теди Ринер стана светски шампион во џудо во категорија над 100 килограми, победувајќи го во финалето Рју Шичинохе од Јапонија. Бронзени медали освоија Јаков Хамо (Украина) и Адам Окруашвили (Грузија).
Ова е осмата светска титула на 26-годишниот Теди Ринер, кој е висок 203 сантиметри и денес на вагата тежеше 141 килограми. Теди Ринер е „човек на рекорди“ – во 2007 година тој стана најмладиот џудист кој ја освоил светската титула. Тогаш Ринер имаше 18 години. Теди Ринер е и олимписки шампион од Лондон – 2012.