Теди Атлас: Парите го расипаа Џошуа

Ентони Џошуа повеќе го нема тој убиствен инстинкт и е разгален со многу пари што ги заработи низ годините. Ова мислење го искажа боксерскиот стручњак и аналитичар Теди Атлас. Според него, двократниот светски шампион во тешка категорија премногу лесно ги сфаќа поразите за крволочен спорт како што е боксот.

„Џошуа собра богатство. Мислам дека навистина со некоја леснотија ги прифаќа поразите, како да не се којзнае какви. Изгледаше дека парите го расипуваа, а веќе ја немаше таа жестокост. Премногу е дарежлив, а во победа и во пораз. Човек треба да ги прифати и двете, но не во толкава мера“, коментира Атлас.

Стручњакот, кој со години работеше со имиња како Мајк Тајсон, Александар Поветкин и Мајкл Мурер, се надева дека Еј Џеј ќе го промени овој став. Се очекува во април Британецот да има реванш со Александар Усик, а новиот пораз од Украинецот конечно би можел историски да ги разоткрие митовите за неговиот статус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON