Тажно! Неaдеквaтниот А. Емелијаненко го заврши 24-годишниот блогер (ВИДЕО)

Александар Емелијаненко некако стигна до кафезот за да ја направи својата следна ММА борба.

Братот на Федор Емелијаненко не знаеше каде е и изгледаше жално. Александар беше на врвот на турнирот на Рен ТВ Фајт клуб, кој се одржа во Москва. Неговиот противник беше 24-годишен блогер, Евгени Ершов.

Во првата рунда Ершов силно притисна со удари, а Емелијаненко се собра кон мрежата. Судијата требаше да му додели на Ершов победа со нокаут, но не го стори тоа. Александар стана со помош на Ершов за да продолжи она што не може да се нарече борба.

Евгени беше видно штедлив против неадекватниот Емелијаненко, кој едвај одеше. Некако оваа работа стигна до втората рунда. За среќа, Ершов реши да бара соборување, а Емелијаненко го искористи тоа и примени кимура. Така Ершов се предаде и тешкото искушение заврши.

Веднаш почнаа муабетите дека борбата е наместена. Работите навистина изгледаа премногу сомнително. На Александар му треба болничко лекување, а не ММА борби.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON