Таткото на Хабиб Нурмагомедов – Абдулманап му прости на Конор Мек Грегор за жестоките навреди за време на загревањето за мечот на годината.
„Сè е минато. Ќе направиме анализа на сето она што се случи и ќе извлечеме поука“, вели Абдулманап Нурмагомедов.
Khabib’s father says he forgives Conor for everything that happened in the past @lthomasnews @arielhelwani @TheNotoriousMMA @TeamKhabib pic.twitter.com/fNGdcXrXvA
— MMA Reaper (@mma_reaper) October 9, 2018
„Ќе разговарам со нашите поумни сонародници и ќе се изјаснам“.
Таткото најави дека посурово ќе го казни синот Хабиб отколку што ќе биде санкцијата на УФЦ за неговите дејствија на крајот на борбата. Русинот по борбата призна дека татко му нема да му ги прости овие постапки.
.