Таткото на Хабиб стана помошник на водачот на Дагестан

Минатата година му предложија на Хабиб Нурмагомедов да му стане помошник на Владимир Василјев кој е водач на Дагестан. Очигледно шампионот не сака да биде вклучен во политиката и наместо него таа работа ја презеде неговиот татко. Пред неколку дена Абдулманап на свечена церемонија официјално ја презеде функцијата. Постигнувањата на таткото на Хабиб му ја донесоа титулата почесен тренер на Русија, а минатата година доби и медал за заслуги во физичка култура и спортот.

Во понеделникот, за време на церемонијата, на која присуствуваа некои од најважните државни службеници во Дагестан, вклучувајќи го и градоначалникот на Махачкала и грст министри од кабинетот, Василјев истакна дека е заинтересиран за развој на спортот во Дагестан и создавањето на шампиони, со кои Републиката ќе биде горда.

„Можам да замислам што значи да се создадат спортисти на врвно ниво. Ова е најголемо достигнување. Сигурно ќе ја поминеме идејата за создавање на погодни услови за подигнување на шампиони.

Сите ние разбираме дека спортот е култура, исто така и атрактивна слика, не само за младите луѓе. Тоа е можност да се реализираат себе си и да го издигнат името на школата која ја претставувате, како и тренерот, екипата, семејство, луѓето и земјата“, рече Василјев.

https://twitter.com/sportsusa_net/status/1103344465878663173?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fbashtata-na-khabib-stana-asistent-na-glavata-na-dagestan

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON