Дионтеј Вајлдер: Тајсон Фјури е никој и ништо во САД

Реваншот меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури пропадна и ништо друго не преостанува, освен да се чека крајот на годината, бидејќи преговараат за нова борба во мај. Во меѓувреме Вајлдер ќе ја брани титулата против Доминик Бризил, a Фјури ќе си бара нов противник. „Бронзениот бомбардер“ смета дека Фјури е досаден и дека без него е ништо во САД.

„Јас сум клучот. Јас сум најголемиот во Америка. Сите знаете дека тој во САД без мене е ништо. Фјури е здодевен борец. Единствената добра работа во врска со тоа е неговата голема уста. Тој само зборува и тоа е. Ги сакаме неговите приказни поради акцентот.

Тој го има еден од најпознатите здодевни стилови во тешка категорија. Од друга страна, јас сум возбудлив. Јас сум еден од највозбудливите борци во тешка категорија, бидејќи поседувам нокаутирачка сила. Секој знае дека кога Дионтеј Вилдер се бори, ќе има нокаут. Впрочем, секој сака нокаут“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО