Конор Мек Грегор најави дека ќе се врати во рингот на 18 јануари 2020 година, а своето враќањего најави на прес-конференцијата во Москва.
Мек Грегор го предизвика Хабиб Нурмагомедов, а по провокациите се огласи таткото на УФЦ-шампионот, Абдулманап Нурмагомедов.
„Пуштете го Ислам Махачев да се бори со Мек Грегор. Имам поинакви планови што ќе направи со него. Во текот на овие години тоа што кажав дека ќе се случи, тоа и се случи“, порача таткото на Хабиб.
Нормално, Конор не го прифаќа предлогот, а Махачев се закани дека ќе му ја скрши фацата.