Џон Фјури, таткото на шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, откри можен противник и истакна дека ова е единствениот меч кој Кралот на Ромите го посакува во моментов.
Имено, за време на настанот Мисфитс бокс 007 во ОВО Арената на Вембли, новинарите го прашале постариот Фјури кој би можел да биде следниот предизвикувач, на што тој одговорил – Александар Усик.
„Одлуката е на Тајсон“, рече Џон Фјури и продолжи:
„За него има само една борба, а тоа е против украинскиот зајак. Усик побегна во Саудиска Арабија за да заработи уште нешто“.
Неодамна, промоторот на Фјури, Боб Арум, откри дека се водат разговори за боксерски спектакл што би се одржал во Саудиска Арабија во декември.
„Да. Така е“, одговори Боб Арум на прашањето дали повторно се водат преговорите за борбата меѓу Фјури и Усик и додаде:
„Разговарав со претставникот на Скилс челинџ кој има организирано боксерски настани во Саудиска Арабија. Ги знаеме овие луѓе, знаеме со кого работиме. И можам да потврдам дека имавме многу интересни разговори“.