Таткото на Фјури го откри планот Б, и Филип Хрговиќ е меѓу кандидатите за мечот против Кралот на Ромите

Се уште не е познато дали шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, ќе боксира против Ентони Џошуа на почетокот на декември или промотерите ќе му најдат нов противник.

Таткото на Фјури спомна три можни кандидати кои би можеле да влезат како замена. Џон Фјури ги издвои Енди Руиз Јуниор, Луис Ортиз и Филип Хрговиќ.

Имено, Кралот на Ромите е фрустриран од ситуацијата околу преговорите за мечот против Џошуа и наскоро би можел целосно да се сврти кон нов противник за дуелот кој би се одржал на 3 декември.

Тајсон во последно време многу го спомнува Мануел Чар, но неговиот татко мисли поинаку и има неколку кандидати.

Еден од нив е Енди Руиз кој без сомнение би бил многу среќен да се бори со Фјури, бидејќи од победата надКрис Ареола, минатата година, е на тој пат.

Мексиканецот неодамна со едногласна одлука го победи 43-годишниот Луис Ортиз.

„Одиме. Тоа би било неверојатна борба“, изјави Енди Руиз Јуниор во порака преку социјалните мрежи.

Руиз на мечот против Ортиз, без разлика што борбата траеше 12 рунди, не претрпе голема штета.

Џон Фјури ги спомна и Филип Хрговиќ и Луис Ортиз.

Ако желбата на Фјури е да добие противник за што помалку пари, тогаш најверојатно ќе се фокусира на Мануел Чар, бидејќи не е толку високо рангиран како Хрговиќ, Руиз или Ортиз.

Јасно е дека Фјури бара што е можно полесен противник за да биде подготвен за пресметка против Александр Усик во борбата за обединување на титулите во февруари или март следната година.

„Дали мечот меѓу Тајсон и Ентони ќе се одржи оваа година е под знак прашалник“, изјави Џон Фјури за Меилспорт и додаде:

„Ги гледаме другите противници, Енди Руиз, Луис Ортиз и Филип Хрговиќ. Или кој сака да се бори“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON