Хабиб Нурмагомедов ја освои титулата во лесна категорија, а потоа ја одбрани против Конор Мек Грегор и сега е попознат од кога и да било. Наместо да ја брани титулата, Хабиб одлучи да тргне по стапките на Мек Грегор и да бара борбаа за милиони долари со непоразената легенда на рингот Флојд Мејведер.
На Хабиб, според договорот, му преостануваат мечеви за одработка во УФЦ, но тој не престанува да го споменува името на Флојд, наместо имињата на борци во лесна категорија. И таткото на Хабиб, Абдулманап, зборуваше за битка со Флојд, за која инсистиран да се одржи во Русија:
Флојд Мејведер сака мечот да се случи во Русија, зошто да се одбие? За нас е најважно да го направиме тоа според нашите услови и дефинитивно сакаме да ја добиеме оваа борба. Најважните работи за нас во оваа пресметка се парите и резултатот.
Khabib Nurmagomedov's father talking about Floyd Mayweather.
You'll never hear me criticize a fighter for pursuing the most lucrative bout possible … but you want to know what my wish for 2019 is? To never hear the words "Mayweather" and "MMA" in the same sentence again. pic.twitter.com/NkKqOwrBFj
— Brett Okamoto (@bokamotoESPN) December 12, 2018
.