Татко му на Хабиб е подготвен да го прими Мек Грегор на гости во Дагестан (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор кажа многу навреди за Хабиб Нурмагомедов и неговиот татко пред нивната борба на УФЦ 229 во октомври минатата година. Таткото на Хабиб, Абдулманап, покажа дека не е злопматило и веднаш по мечот рече дека му простил сè на Мек Грегор и дури го покани во Дагестан. Абдулманап се уште е подготвен да го прими гостинот од Ирска, а Хабиб не приговара по ова прашање.

„Го поканив Конор Мек Грегор во нашиот дом. Може да дојде во Дагестан, зошто да не? Јас навистина му простив. Сè е во минатото и нема да застанеме таму, бидејќи животот продолжува. Нашата религија мора да покаже милост, не само со зборови, туку со дела. Ако дојде, ќе видиш дека ќе ни биде драг гостин. Мојот Хабиб никогаш нема да се спротивстави на мојата одлука.

Ова се правилата на играта со векови во нашата република. Без оглед на одлуката на Мек Грегор, ние ќе го почитуваме. Ако сака војна, тогаш во тој случај ќе биде поинтересно. Ни понудија 15 милиони, но баравме 30, бидејќи веќе ја знаеме цената. Нашето барање беше шок за УФЦ“.

https://www.youtube.com/watch?v=zpeLHsJ1sUE

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО