Му се распукна челото на Баду Џек (Вознемирувачки фотографии)

На боксерски меч меѓу Браун и Баду Џек се случи шокантна сцена по судирот со главите, комплетно му го распука челото на Џек, а тој не беше свесен за тоа.

Во седмата рунда дојде до судир со главите меѓу двајцата боксери, а Џек заработи страшна исекотина. Мечот накратко беше прекинат, а докторот изненадувачки допушти Швеѓанецот да ја продолжи борбата. Секој удар потоа во главата на Џек само дополнително ја ширеше исекотината. На крајот следеше прекин и неизбежна интервенција.

„На крајот добар сум, им благодарам на сите за поддршката. Искрено, не бев свесен дека е толку страшно“, рече Баду Џек по мечот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО