Татко му на Фјури сака Тајсон веднаш да се пензионира

Тајсон Фјури во реваншот со Дионтеј Вајлдер пружи животна изведба и го декласира претходно непоразениот шампион на ВБЦ.

Откако на крајот на 2015 година прв пат стана светски шампион во тешка категорија, Фјури исчезна на две и пол години во кои имаше и многу проблеми.

Неговата камбек приказна е една од најголемите во историјата на спортот, поради што неговиот татко Џон Фјури смета дека е вистинско време да се пензионира.

31-годишниот „Крал на Циганите“ ја чека одлуката на Дионтеј Вајлдер кој има договорно право на трет меч, кој би требало да се одржи летово доколку Американецот ја активира клаузулата.

Вајлдер може да се обиде да ја одложи борбата за следната година, но тоа ќе му отвори врата на Фјури да се бори за неприкосновениот шампион против Ентони Џошуа, а доколку дојде до тој меч, не може да се знае на која страна ќе завршат сите појаси.

„Сакам мојот син веднаш да се пензионира. Направи доволно“, рече Џон Фјури во емисијата  Добро утро Британијо.

“Сето ова беше тешка борба за него. Ги освои сите професионални титули. Сакам да ги спакува своите работи и да оди во пензија. Мислам дека и на  него тоа му ѕвони некаде во позадна на главата. Не може да постигне повеќе од ова. Доволно е. Сега има и други работи во животот. Даде сè што можеше и нема што повеќе да докажува. Се докажа со достоен шампион од оваа земја. Професионалец е 13 години и ги победи сите противници. Во 32-та година е, има младо семејство и неговите деца заслужуваат татко. направи доволно и тоа е мое мислење“.

„Му честитав, му реков колку ме направи горд. Видов радост на неговото лице, неговиот живот сега е потполн. И сега е поинаку. Кога го победи Кличко, неговиот говор на телото не беше сјаен, а сега е на покривот на светот. Таму каде и што треба да биде и сега е време да се поклони“.

На прашањето за борбата против Џошуа за неоспорен шампион во тешка категорија, тој одговори: Не се согласувам, затоа што ако победие еден, пристигнуваат пет нови. Каде е крајот? Тајсон и во таа борба би покажал дека е едно ниво повеќе. Џошуа загуби од послаб противник од Дионтеј Вајлдер. Ова е игра за младинци, младите нека ја добијат својата шанса.

Тајсон во меѓувреме доби повик од американскиот претседател Доналд Трамп да дојде на прием во Белата куќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON