Билетите за двобојот меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакјао од четврток ќе бидат пуштени во продажба.
Мечот е закажан за 2 мај во МГМ Гранд казино во Лас Вегас, кој има капацитет од 16.500 места, само околу 1.000 влезници ќе се најдат во продажба. Останатиот дел одат за боксерите, казиното, спонзорите и промотерите.
Се очекува најевтините билети да чинат од 1.500 долари, а цените за тие кои ќе се најдат во слободна продажба одат до 7.500 долари.
Се проценува дека на црно билетите ќе се продаваат за 100.000 долари. До борбата остануваат уште девет дена.