Македонското борење ја доби првата жена судија.
Младата Тамара Игнатовска (21 година) од Прилеп стана првиот женски судија во нашето борење која е поранешна борачка на 7 Мај Леов од истоимениот град.
Тамара како судија дебитираше на душекот во Неготино и во Велес оваа есен, а минатата недела беш дел од судиската екипа на Државното првенство за деца во Скопје.
Една до две години ќе собира искуство, а потоа ќе полага за меѓунордна боречка лиценца. Секако дека ова е потег за поздравување, затоа што женското борење е во подем во светот, а и фондот на судии во нашата земја е намален.
Борењето е фамилијарен спорт на Игнатовски, бидејќи татко и Сашо Игнатовски е поранешен борач на Рудар односно Злетово транс од Пробиштип. Поради работните обврски се преселува во Прилеп, каде што работи како тренер во БК 7 Мај Леов.
Ipon.mk/В.Д.