Едиствената судијка во македонското борење Тамара Игнатовска на Светското првенство во борење слободен стил за ветерани во Скопје активно суди, воедно и полага за звањето „меѓународен судија од 3 категорија“.
Со ова звање ќе има право да суди на светски и европски првенства за пионери и кадети и на меѓународни турнири во организација на Светската федерација.
Со оглед дека на тоа дека судеше една од вчерашните финални борби, Тамара, најверојатно, ќе биде првата македонка со завњето „меѓународен судија“.
Ipon.mk