Борче Талевски и Блаже Дардов на 17 март, по сјајната претстава во Загреб на МФЦ, ќе имаат можност и на српската публика во Вршац да и ги покажат своите ММА квалитети.
Шанса ќе добие и Филип Божиновски доколку се најде противник.
Противник на Блаже Дардов во категоријата до 77 кг е Марко Радаковиќ, а Борче Талевски (-84 кг) ќе се бори против Крсто Букумириќ.
„Почнуваме со подготовки за овие противници. Анализирајќи ги кој стил го поседуваат овие борци, во што може да се бара нивната слабост, кое е нивното најсилно оружје што можат да го птименат моите борци итн. Се тренира активно, секој божји ден. Кај нас нема одмор, работиме и по три тренинизи дневно. Доколку успее да слушне за нас и државата и да не подкрепи со услови какви што заслужуваме, јас ветувам дека ќе излезат многу млади ММА борци од Нинџицу клубот Битола“, вели нивниот тренер Сашко Мирчевски, додавајќи дека веќе три имиња се излезени за да градат кариера, а нови ќе извади наскоро на некој аматерски ММА турнир.
Ipon.mk/В.Д.