Денеска на Балканското првенство за пионери во Кожани, Грција, ќе настапат двајца наши репрезентативци, Михаел Талески (-50 кг), кој во првата борба ќе ги одмери силите со со натпреварувач од Грција, а во категоријата -44 кг Анамарија Стојмиловска ќе се сретне со џудистка од Турција.
И двајцата наши натпреварувачи се одлично мотивирани, а, според селекторот Дејан Мицкоски, ќе биде многу битно да се даде максимум, односно да се добијат првите борби.