Алириза Арапоски – Лико е од помладата гренарција на пеливани кој ветува многу. Талентот го покажа на дело на почетокот на оваа сезона освојувањи златни медали на пеливанските турнири во Сарај – Струмица и во Лозово.
18-годишниот Арапоски е најмлад борач во неговата категорија (трета рака), а пријателите и познавачите на приликите во овој спорт велат дека има срце како планина.
Лико е од село Пласница, а се бори за Ускана од Кичево кој во финалето на турнирот во Сарај го победи Бајрам Хајдари, а во Лозово славеше против Емин Сејдиовски од Штип и Исамет Сабир и беше прогласен за најдобар борач на турнирот.
Арапоски го носи прекарот Али Гирбуз, по шампионот на Турција кој е висок како и Алириза.
Ipon.mk