Џиу џица клубот Такеда од Аеродром неодамна понуди бесплатни тренинзи за децата од СОС Детското село.
Тренерот Зоран Ристески вели дена на овој хуман чекор се одлучиле, за да им овозможат и на овие дечиња пристап до спортските активности, кои помагаат за здрав развој, затоа што сметаат дека сите деца се исти и сите треба да добијат еднакви можности.
Тие тренираат два пати неделно во ОУ „Александар Македонски“ во Општина Аеродром, каде низ забава и игра се учи древната боречка вештина џиу-џица.
Од Такеда апелираат до сите спортски клубови да се приклучат на оваа иницијатива и да понудат бесплатни тренинзи за децата од СОС Детското село и за други спортови.
Ipon.mk/В.Д.