Легендарниот Мајк Тајсон зборуваше за состојбата во боксот и го спореди со УФЦ. Во една кратка анализа славниот нокаутер дојде до неколку заклучоци.
Откако Чарли Мек забележа дека шампионот во тешка категорија денес не ужива во почитување што некогаш го уживаа владетелите во кралската категорија, Тајсон возврати дека една од причините за оваа промена лежи во фактот дека боксот денес мора да се натпреварува со повеќе боречки спортови.
„Денес УФЦ е тука, а верувале или не, денес мора да се натпреваруваме и со борењето“, почна Мајк, потенцирајќи дека внимателно да го слушнат:
„Слушни го ова, ќе биде интересно. УФЦ е попопуларен од боксот. Тука бројките се на страната на УФЦ. Зарем не? Но борецот на УФЦ никогаш нема да биде побогат од првокласен борец“, порача Тајсон кој под поимот „првокласен борец“ мисли на елитните боксери.
„Железниот Мајк“ потоа даде и пример:
„За да заработи 100 милиони долари, Конор (Мек Грегор) мораше да се бори против Флојд (Мејведер). И, да речеме, Џон Џонс … Тој ќе мора да се бори против мене ако сака да заработи сериозни пари”, заклучи поранешниот светски шампион во бокс.
Да истакнеме дека Тајсон токму во Џонсон најде совршен пример, затоа што шампионот на УФЦ во моментов води голема битка со својот работодавец, а проблемот е, претпоставувате – во парите.