Поранешниот шампион на светот во бокс, Мајк Тајсон, опишал како своевремено се борел со дрогата и депресијата.
Така објаснил како се чувствувал во 2009-та година, признавајќи дека бил под дејство на дрога помешана со големи количини на алкохол.
Раскажал како една вечер бил во хотел со проститутки.
“Лежев во хотелот и секогаш се обидував да има некој покрај мене. Проститутки, кучиња, не е важно, само да има некој бидејќи се плашев да бидам сам. Така беше и таа вечер, бев во хотел со седум проститутки околу себе, а земав марихуана, кокаин, морфиум, вијагра и виски”, рекол Тајсон
Во еден момент се тргнало на лошо.
“Бев на самото дно, параноичен и постојано мислев дека тие жени ќе се обидат да ме ограбат. Почнав да ги тепам, буквално ги “победив”. Тоа беше мојот демон. Но, после таа ноќ сосема се променив, тоа беше мојата пресвртница”, објаснил Тајсон.