Тајсон објасни како неговиот тигар откинал рака на жена која била на минување

Мајк Тајсон засекогаш ќе остане запаметен како еден од најдобрите боксери во историјата, но истовремено и како еден од најпроблематичните спортисти кои го достигнале врвот на највисоко ниво.

„Челичниот“ Мајк со текот на годините сфати какви глупости правел во младоста и се кае за постапките кои му нанеле штета во секој поглед, а еден од неговите каприци во младоста беше да чува и бенгалски тигари во својот двор. Како голем ексцентрик, познати се сите контроверзни ситуации кои ги изрежира во јавностса, но сега откри зошто навистина морал да се откаже од тигарот Кенија кој го чувал цели 16 години. Мајк се ослободил од женката откако таа предизвикала голем инцидент кој за малку не завршил на суд, а во истиот една жена која сакала да си поигра со него завршила со откината рака.

„Една жена скокна врз кафезот во кој беше тигарот и почна да си игра со неа. Тигарот не ја познаваше и се претвори во многу лош инцидент. Жената скокна на кафезот и се лизна во близина на тигарот. Кога видов дека и ја откина раката, самостојно и дадов 250 илјади долари, штетата беше голема. Таа сакаше и да завршиме на суд, но открија дека таа постапила погрешно. До тогаш, не можев да поверувам што може да направи тигар со човековото тело“, открива Мајк во интервјуто за раперот Фет Џо и додава дека направил голема грешка што чувал вакви предатори во својот дом.

„Бев навистина луд, не постои шанса да ги скротиш овие мачки во целост. Нема шанси да го направите тоа. Тие можат да те убијат случајно. Тие и да не сакаат да те убијат, тоа можат да го направат случајно. Со еден удар можат да ве усмртат“, додава Тајсон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON