Мајк Тајсон некогаш беше познат како еден од најстрашните боксери во историјата на боксот, а многумина го сметаат за најопасниот во неговата генерација.
Кога беше на врвот, инспирираше страв кај своите противници благодарение на неговата неверојатна комбинација на агресија и ударна моќ. По него никогаш не се појави боксер со исти физички карактеристики кој на сличен начин би доминирал со големите тешкаши.
Во своите најдобри години, Мајк беше специјална сила во рингот, а снимките од неговите спектакуларни нокаути и денес се исклучително популарни.
Сепак, иако се смета за еден од најголемите, Тајсон призна дека имало еден боксер кој би го победил дури и на врвот на кариерата – Мухамед Али.
„Нема човек како него, едноставно нема. Сè што имаме, тој е оној кој ни го всадил. Беше вистинска ѕверка, повеќе личеше на модел отколку на боксер“, изјави Тајсон во интервју за Thisis50.
„Тој е како Т-Рекс со убаво лице, тој беше злобен и лош, ќе те одведе во длабока вода, а потоа ќе те удави таму. Тој беше толку посебен. Најдобар. Никој не може да го победи Али. Би ме победил, дури и во моите најдобри денови. Не би можел да го победам, никако“, додаде Тајсон.
Мухамед Али сè уште го сметаат за најдобриот боксер на сите времиња. Не е невообичаено поранешните шампиони и боксерски легенди да му оддаваат почит, истакнувајќи го како свој идол. Тој беше револуционерен борец во своето време, внесувајќи нешто сосема ново во спортот и инспирирајќи генерации боксери и тренери да ги следат неговите стапки.