Тајсон: Колку повеќе знам за животот, толку повеќе сум волен да умрам

Мајк Тајсон имаше живот полн со големи подеми и падови.

Тешкото полн со големи подеми и падови.детство малку му олесни по средбата со тренерот Кус Д’Амат, кој го посвои по смртта на неговата мајка.

Со легендарниот тренер стана најмладиот светски шампион во историјата на тешката категорија.

Кога на 22 ноември 1986 година во Лас Вегас во втората рунда го нокаутира Тревор Бербик  имаше само 20 години за 145 дена. Покрај тоа, е и првиот боксер што ги освои појасите на сите три големи федерации во тоа време – ВБЦ, ВБА и ИБФ.

Помина три години во затвор заради пресуда за силување, која често пати беше оспорувана. Кога заврши зад решетки, имаше 400 милиони долари. Неколку години по ослободувањето остана без силните милиони, делумно заради сопственото трошење, а дел затоа што веруваше на погрешни луѓе.

Падна на дното, се справуваше со големи долгови, а потоа почна голем кам-бек – преку многу популарни настапи во филмови и музички видеа, до водење бизнис со марихуана и отворање ранч, подкасти и многу други проекти.

„Тајсон ранчот“ специјализиран за одгледување трева (марихуана) се протега на над 40 хектари 100 километри северно од Лос Анџелес

Дали често пати размислувавте за смртта додека се боревте?

„Знаев дека постои можност да умрам за време на тренинзите и во текот на борбата. Го знаев тоа. Но, не се плашев, затоа што мислев дека ако некој умре ќе биде тој што ќе убијам јас. Таа самодоверба беше механизам за преживување. Но, сега, од сопстевното искуство и од она во што верувам, колку повеќе знам за постоење толку повеќе сум подготвен да умрам “, рече 53-годишниот Американец во интервју за„ Спортсмен “.

Се радувате ли на смртта?

„Да. Не се плашам од смртта. Според мене, животот е покомплициран од умирањето. Потребно е многу храброст да се живее. Без храброст не можете да се справите со животот. Животот е патување, животот е борба. Луѓето имаат сè и повторно не можат, се мачат. Се сфаќаме премногу сериозно. Мислиме дека сме некој и нешто. Кој к.р? Ние сме ништо. Што го ебам? Доаѓаме од гомна, а мислиме дека сме посебни. Славата смрди“.

Во дел од Вашиот живот сите ви говореа како сте посебен …

„Со текот на времето дознавате дека не сте. Може да завршиш во затвор, можеш да умреш, може да ве злоставуваат. Всушност, не очекувам да ми се случуваат лоши работи, но кога ќе ми се догодат, го разбирам тоа и можам да се справам со истото. Се справувавав со проблемии порано, таков беше мојот живот. Така што не си ја замарам главата со лоши работи кои можат да се случат. Знам дека се случуваат срања. Кога ќе се случи нешто лошо, ќе запнам да правам нешто. Нема да се обесхрабрам “.

Дали сè уште ја чувствувате борбата која со одвива во Вас?

„Можеби. Тука и таму има некоја борба. Но, не како порано кога секој ден се борев со себе“.

Канабисот сè уште е нелегален во Велика Британија.

„Тоа е лудо. Луѓето се неразумни и нивното размислување е лудо. Секое животно ја знае својата цел, човекот живее сто години и не знае. Зошто сме толку глупи? А ни дадоа моќ да управуваме со ова место … Зошто не и дозволиме на животните да владеат? Всушност, тие и го водат ова место“.

Мислите ли дека ќе дојде време кога канабисот ќе биде легален во сите 50 држави во САД?

„Со Божја волја! Луѓето го одгелдуваат, тоа е дел од универзумот“.

Боксот може да даде многу, но и многу одзема. Кога ќе се осврнете, што му значеше боксот на Мајк Тајсон?

„Тоа беше големо школо. Има многу учење. Не може само да слушате, ве учат со тренинг. И колку повеќе учите, толку повеќе знаете дека не знаете ништо“.

Тајсон во 80-тите години беше многу расфрлан. Дали сè уште имате гардероба полна со крзно и патики?

„Крзнени капути не. Веќе не го правам тоа. Ги сакам животните. Ми се допаѓаат убави работи, јас сум едноставен човек. Некогаш ќе облечам костум, а моите костуми се прилично скапи “.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON