Легендарниот Мајк Тајсон има големи очекувања од враќањето во рингот и борбата против Рој Џонсон Јуниор. Еден од најголемите боксери на сите времиња се враќа од пензија по пауза од 15 години во егзибициски меч кој на програмата е на 28 ноември.
„Целиот настан носи име „Frontline Battle“ затоа што еден најголем борец ќе се бори со друг во историјата најголем борец. Се давам целиот во тоа што го правам. Тоа сум јас. Ќе победам или ќе умрам. Колку од нив размислуваат така? Јас сум најголем борец од настанувањето на светот“, изјави Тајсон.
Тајсон последната борба во кариерата ја имаше во 2005 година против Кевин Мекбрајд.