За повратничката борба на поранешниот светски шампион во бокс, во тешка категортија, Американецот Мајк Тајсон со неговиот сонародниј Реј Џонс Јуниор, беа продадени околу 1,2 милиони преноси. Ова се одлични бројки, но деновиве стигнаа нови податоци кои говората дека борбата била многу погледана.
Според податоците на апликацијата „Трилер“, главниот конкурент на „ТикТок“, која за 50 милиони долари ги откупи правата за пренос на борбата, откри дека преносот бил купен од 1,6 милиони луѓе. Со оглед на тоа дека тој чинел околу 50 долари, „Трилер“ зараборил околу 80 милиони долари.
Со овие бројки борбата меѓу Тајсон и Џонс и официјално стана најгледан настан во боречките спортови годинава, вклучувајќи го тука и УФЦ. Само за споредба, најважниот меч во професиналниот спорт оваа година меѓу Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер, имаше околу 850 илјади продадени преноси, скоро половина помалку од борбата на Мајк Тајсон.
Според податоците на порталот „Бизнис Инсајдер“, кој во предвид ги зема и слободните борби, бокс и кечери, ова би можело да биде десетта најгледана борба на сите времиња. Зас себе остави многу подобри борби како онаа меѓу Тајсон и Холифилд, Форман и Холифилд, Мек Грегор и Дијаз и многу други.