Мајк Тајсон во излив на бес и љубомора му влегол на Доналд Трамп за да расчисти некои работи со него.
Ова се случило кога актуелниот претседател му беше промотор и му ја финансираше борбата против Мајкл Спинкс, пред 20-тина години. Железниот Мајк се сомневал дека сегашниот претседател на САД има љубовна афера со тогашната негова сопруга Робин Гивенс.
Приказната ја раскажа Тим О`Брајан во книгата „Trump Nation“, откривајќи дека Тајсон влетал во канцеларијата на Трамп.
„Имаш ли афера со жена ми“, прашал Тајсон, а од бесниот боксер се исплашил и неговиот тогашен советник и голем пријател Трамп.
„Мислев дека ќе ме убие. Немав шанси против него, па тој е светски првак во бокс“, била мислата на сегашниот прв човек на најмоќната земја на светот.
Mike Tyson stormed into Donald Trump’s office and raged ‘are you f******g my wife?’ https://t.co/s15FLwPvPG
— The Sun – Boxing (@SunBoxing) June 2, 2020
Тајсон честопати имал слични изливи на бес и на љубомора во ерата кога беше во брак со Гивенс, а познати се и неговите испади кон Мајкл Џордан и Бред Пит.
Железниот Мајк се подготвува за камбек во рингот на 53-годишна возраст, но засега само за еден меч, и тоа од хуманитарен карактер.