Тајсон Фјури за пет борби ќе добие сума од која боли глава

За наредните пет борби на Тајсон Фјури на американската ТВ ЕСПН ќе заработи неверојатни 103 милиони долари, според потпишаниот договор. 

Според потпишаниот договор, Фјури ќе мора да боксира барем два пати годишно на американско тло, додека правата за неговите борби во Британија сè уште ќе ги има БТ спорт.

„Воодушевен сум. Поддршка од ЕСПН и БТ спорт, двете најголеми медиски платформи во светот на спортот, значи дека сега се поврзани со најдобриот тешкаш на светот“, изјави 30 годишниот Фјури.
Овој договор на Фјури освен што ќе му донесе многу пари, ќе му ги зголеми и шансите за евентуален реванш против Дионтеј Вајлдер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON