Тајсон Фјури очекува борба со шампионот во тешка категорија Дионтеј Вајлдер на почетокот на 2020 година. Тие веќе еднаш се сретнаа во декември 2018 година и влегоа во спорна борба во која доминираше Фјури, но Вајлдер го испрати двапати на подот, а судиите донесоа одлука дека мечот е нерешен. Овој резултат не ги задоволи и двајцата конкуренти, како и навивачите, а тие се согласија за реванш.
За жал, разликите меѓу двајцата ја одложија втората битка и Фјури во меѓувреме го совлада Том Шварц, а Вајлдер Доминик Бризил. И двајцата имаат нови борби што треба да ги добијат за да имаат реванш. Тајсон веќе ја научи лекцијата и знае дека не може да освои поени против Вајлдер и ќе оди на победа со нокаут:
„Направив грешка во првата борба. Мислев дека ќе биде фер во САД, но веќе нема да си допуштам таква грешка. Веќе знаеме дека нема да биде фер и ќе се обидам да го нокаутирам. Не верувам дека можам да го победам на поени. Ќе ви кажам што имам во предвид.
Го победив во сите рунди, освен во оние во кои ме испрати во нокаут. Како да изгубиш ако си победил во 10 од 12 рунди? Очигледно, нема да го победам со одлука на судиите. Морам да го сменам мојот стил. Никогаш не сум бил посигурен и со потешки удари. Дефинитивно ќе го нокаутирам во втората борба.
Еден милион проценти ќе имаат нокаут. Ќе бидам нокауитран јас или тој. Нема да се обидам повторно да го победам, затоа што знаеме што се случи во последната битка“.