Тајсон Фјури со некој килограм повеќе ги почна подготовките за мечот против Дилиен Вајт

Судирот меѓу двајца британски боксери, шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури и предизвикувачот Дилиeн Вајт, треба да се случи на 23 април на Вембли.

Џипси Кинг започна со сериозни тренинзи, а првиот дел од подготовките ќе се одвива во салата БоксиКју во Дубаи.

На социјалните мрежи е објавено видео од теретана каде Фјури тренира на фокусери, а кога ќе почне да удира изгледа фантастично без разлика на вишокот килограми.

Сега му претстојат неколку недели тешки подготовки и нема сомнеж дека ќе биде во топ форма за мечот.

„По 15 рунди во рингот со Џозеф Паркер, Роки Филдинг, Дин, Дерил Хол и Каи Ричмонд, Тајсон конечно тренираше со фокус. Тој човек е вистинска машина. Ви благодариме што дојдовте во салата, тоа е ден кој нема да го заборавиме“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON