Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури е подготвен за нова авантура во ВВЕ/ WWE.
Непоразениот боксер заработи 15 милиони со настапи во кечерскиот спорт во 2019 година и очигледно е подготвен повторно за лесни пари. Фјури беше насочен кон Дру Мекинтајр, шампион во тешка категорија на ВВЕ.
Пред неколку дена Тајсон го предизвика на социјалните мрежи, а Дру му одговори и му се закани дека ќе го претепа. Очигледно е дека двајцата сакаат да го споделат рингот и можеби во наредните месеци ќе ги видиме во меѓусебни борби.
„Дру, контактирај ги моите луѓе и да го сториме тоа. Нека Три икс и Винс контактираат со мојот менаџер и ќе ги решиме работите. Ќе те фатам за коса и ќе те вртам околу рингот. Ќе те нокаутирам ти го ветувам тоа“, рече Фјури во видео обраќањето до Мекинтајр.
https://www.instagram.com/p/CErQnJDJhNC/?utm_source=ig_embed