Тајсон Фјури се врати од одмор и ги почна подготовките за мечот против Александар Усик

По одморот на брегот на Црвеното Море, каде што го однесе своето големо семејство, Тајсон Фјури се врати во салата.

Британскиот боксер ги започна подготовките за најголемиот меч во кариерата против Украинецот Александар Усик за титулата апсолутен шампион на светот во тешка категорија.

Борбата во која ќе се обединат појасите на шампионите од кралската дивизија ќе се одржи на 17 февруари во Саудиска Арабија.

На Кралот на Ромите му остануваат уште девет и пол недели подготовка до пресметката со украинскиот борец кој пред пет години ги обедини титулите во полутешка категорија.

Нивната борба првично беше закажана за 23 декември, но Фјури по неубедливиот настап против Френсис Нгану, кого го победи потешко од очекуваното, побара одложување за да се одмори и да се опорави од тешкиот меч.

Усик ги започна подготовките во Валенсија, а Фјури кампот дома во Моркамб.

Непоразениот ирски тешкаш Томас Карти на социјалните мрежи сподели заедничка фотографија со шампионот на ВБЦ во сала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON