Николчо Гоцев: Кочани го ставаме на мапата за центар на реалното аикидо во Македонија и регионот

На 16 декември (сабота) во Кочани ќе се одржи Државниот натпртевар во аики демо и голем семинар во реално аикидо во организација на КРА Нико и АМФРА Македонија.

Гости ќе бидат мајстори во реален аикидо од земјава и странство. Во Кочани ќе ги видиме мајсторите Ѓуро Илиќ – 8 дан, Дејан Чавковски – 5 дан, Владислав Павловиќ – 5 дан, Влатко Мишов – 3 дан и Николчо Гоцев – 3 дан.

Натпреварот и семинарот ќе се одржат во спортската сала при ООУ „Никола Карев“ со почеток во 10:30 часот.

Семинарот е од 11:00 – 12:00 часот, полагањето 12:30 – 13:15, а 13:30 – 14:30 е Државниот натпревар во аики демо.

За тоа како оди организацијата и очекувањата од овој голем настан со кој се одбележуваат 10 години од постоењето на КРА Нико рагзговаравме со основоположникот на реалното аикидо во Кочани Николчо Гоцев, чиј клуб „Нико“ напредува со големи чекори и станува еден од водечките во нашата земја.

За овие 10 години во клубот вежбале околу 800 деца, а до пред короната имаше секции во Зрновци, Облешево, Оризари. Од неодамна клубот повторно почна да се шири, така во Кочани е отворена уште една секција во ОУ „Малина Попиванова“, а на почетокот на идната година треба а почне со работа и секцијата во Виница.

Славите 10 години постоење.  Како растеше и се развиваше КРА Нико во овие 10 години?

-Започнавме токму во оваа сала со голем број на членови. Сите беа почетници. Со континуирана работа посета на семинари сега од тие членови имаме мајстори и тренери по реален аикидо.

Дел од клубот се деца и млади од најразлични возрасти. А бројот на членови постојано се зголемува.

Што ќе им порачате на сите учесници на семинарот и на државниот натпревар?

-Ќе имаме гости од Македонија и регионот мајстори во реален аикидо со долгогодишно искуство. Верувам дека можеме да научиме нешто од нив, но, и тие од нас. КРА Нико има со што да се пофали. Што се однесува на државното првенство очекуваме сето тоа што го тренираме да го покажеме и на татамите и да освоиме медали.

Во изминатиов периот Нико беше еден од најактивните и успешни клубови. Какви очекувања имате од Државното првенство?

-Реалното аикидо е боречка вештина која се усовршува скоро цел живот. Мајсторите од регионот, но и ние имаме сериозен стаж во реалното аикидо. Овде сите ќе демонстрираат дел од својот труд.

Ораганизацијата на Семинар бара големи подготовки ораганизацијата на семинар полагање и Државен натпревар бара сериозни проготовки. Сите членовите на КРА Нико добија задачи во организацијата на 3-те настани и секој од нив беше на висина на задачата за се да помине во најдобар ред.

Што значи организацијата на еден ваков голем настан за Кочани и за развојот на спортот?

-Нашиот клуб е најброен во Македонија и е од посебна чест за нас да бидеме домаќини на Меѓународен семинар и натпревар. Се надеваме дека ова ќе биде почеток на една убава традиција која секако многу значи како за нашиот клуб, но и за нашиот град. Кочани е град на оризот, град на спортот. Од денес Кочани го ставаме на мапата за центар на реалното аикидо во Македонија и регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО