Скандалозниот британски боксер Тајсон Фјури ќе се врати на рингот во април или мај. Ова го објави неговиот тренер, менаџер и чичко Питер.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија се подложи на лекување. Тој се најде во тешка депресија и стигна до употреба на дрога, откако го симна од тронот долгогодишниот крал – Владимир Кличко.
„Тајсон тренира секој ден заедно со својот братучед. Тој трча, се подготвува и прашува кога повторно ќе се врати во салата. Очекувајте го некаде во април или мај. Ќе се врати посилен. Сака не само да си ги врати појасите, но и да докаже дека е најсилниот боксер на планетата. Најверојатно на крајот на годината повторно ќе се бори за титулите или најдоцна во почетокот на 2018-тата. Претходно ќе направи два или три меча. Лично, сакам да го видам против Дионтеј Вајлдер“.