Поранешниот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури (25-0, 18 КО) се враќа во рингот во 2018 година, судејќи според зборовите на неговиот чичко Питер Фјури.
Тајсон последен се бореше во ноември 2015-тата, кога со судиска одлука успеа да го совалда Владимир Кличко, при што му ги одзеде титулите.
По откажувањето на реваншот во два наврати против Кличко, Фјури откри дека има психички проблеми, а и се изјасни за виновен за злоупотреба на супстанции, како последица на што му беше одземена лиценцата.
Сепак, сега Фјури е решен да се врати – да работи напорно и очекува да излезе на рингот во почетокот на следната година. Според неговиот чичко, кој е и негов тренер, ова веројатно ќе се случи во април.
Еден од најсериозните противници на Фјури би можел да биде сопственикот на титулите на ВБА, ИБО и ИБФ, Ентони Џошуа. Питер Фјури вели:
„Единствено што не загрижува е тоа некој да го победи Џошуа пред нас. Дуелот со него е посакуван и од навивачите, како и од самиот Тајсон. Тој навистина се надева дека средбата ќе се одржи“.
Според Питер Фјури, Тајсон не е импресиониран од ниту еден од боксерите во тешка категорија, а смета дека би успеал да го совлада секого.