Тајсон Фјури се прогласи за најголем во историјата на боксот

Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури (30-0-1, 21 КО) смета дека е најдобриот боксер во историјата. „Крал на Ромите“ е една од најголемите легенди во историјата на боксот. Тој верува дека дури и Мајк Тајсон во топ форма и Мухамед Али не би можеле да го претепаат. 31-годишниот Британец е убеден дека е предобар за сите во последните 100 години.

Неговата историја е навистина уникатна и полна со подеми и падови. Пред неколку години го детронизираше легендрниот Владимир Кличко, а потоа стана депресивен и престана да боксира. Фјури сакаше да се самоубие и многу ја качи тежината. За среќа, се стегна и се врати во игра, а во февруари годинава го детронизираше Дионтеј Вајлдер и му го нанесе првиот пораз во кариерата. Сега Фјури е убеден дека нема никој подобар од него во историјата.

„Не постои боксер во тешка категорија во изминатите 100 години кој може да ме победи. Не постои боксер кој може да го победи „Кралот на Ромите“. Премногу сум голем, премногу добар и имам многу стилови за нив. Можам да се прилагодувам и нема да бидам поразен.

Не е важно дали станува збор за Мајк Тајсон од 80-тите, Мухамед Али, Луис, Луис, Форман, Нортон, Марчиано, Патерсон, Тони, Џем Мејс, Џон Л. Саливан.

Прво, јас сум преголем. Второ, премногу сум добар. Трето, имам многу стилови. Четврто, се прилагодувам. Петто, нема да можат да ме поразат. Јас сум најголем во историјата на боксот. Најголемиот борец во историјата“, рече Фјури.

Фјури чека трета борба со Дионтеј Вајлдер, а неодамна стана јасно дека потпишал договор за две борби со Ентони Џошуа во 2021 година.

https://www.instagram.com/p/CBlHYB_pC2x/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON