Следниот противник на Владимир Кличко – Британецот Тајсон Фјури, продолжува да ја демонстрира својата екстравагантност. Тој се појави облечен како Бетмен на прес-конференцијата во Лондон по повод борбата со светскиот шампион, која ќе се одржи на 24 октомври на стадионот во Дизелдорф.
Фјури, кој во светот на боксот е познат како голем шут, неколку минути стоеше така облечен пред медиумите, а потоа ја напушти салата, за да се врати малку подоцна, но во нормален костум.