Тајсон Фјури: Се кренав, затоа што сакав да му покажам на светот дека се е можно!

Поранешниот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури се врати по психолошките проблеми и речиси го чинеше неговиот живот. Тој ја доби борбата против еден од најопасните борци во светот шампионот во тешка категорија на ВБЦ – Дионтеј Вајлдер и спротивно на очекувањата се справи многу добро и според многумина победи во битката, која официјално заврши нерешено. Друг дел од фановите сметаат дека Фјури загубил, бидејќи не се кренал навреме по тешкиот нокдаун во 12-тата рунда, но тоа веќе е историја и се ќе се реши во реваншот.

Денес Тајсон одлучи да ги охрабри луѓето со психички проблеми и изјави дека се кренал по нокдаунот за да му покаже на светот дека сè е можно:

„Многу мажи би останале на подот по таков тежок нокдаун од Дионтеј Вајлдер, но сакав да му покажам на светот дека сè е можно и без разлика колку е тешко во животот и што и да поминуваш, секогаш треба да продолжиш напред и да се бориш.

Поради моите проблеми со психата, мора да зборуваме и да го шириме тоа во целиот свет. Има многу луѓе кои живеат во темнина и се плашат да зборуваат за тоа со другите. Ако можам да се справам со ова, тогаш може секој“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON