Тајсон Фјури, по неговиот неодамнешен триумф против Дилиен Вајт во кој го одбрани појасот на ВБЦ во тешка категорија повтори дека се повлекува од професионалниот бокс, свртувајќи се кон егзибициските борби.
Меѓу првите на таа листа е мечот против шампионот на УФЦ Френсис Нгану, а сега ги споменува боксерската легенда Мајк Тајсон и познатите Украинци, браќата Кличко.
„Никогаш не треба да го отпишете враќањето во рингот. Имам само 33 години и можам да се вратам кога сакам. Засега сум добро и подготвен за неколку егзибициски борби. Може да биде против Мајк Тајсон или противник да биде некој од браќата Кличко. Во суштина, тој мора да биде славен, бидејќи таквите натпревари привлекуваат луѓе“, изјави Тајсон Фјури.
Џипси Кинг се уште тренира, а во боксерските кругови се појави приказна дека го чека исходот од мечот меѓу Александр Усик и Ентони Џошуа.
Наводно, Фјури треба да се бори со победникот за апсолутен светски шампион. Натпреварот е закажан за 17 декември во Саудиска Арабија.