Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури се потсети на првата борба во својот живот.
Непоразениот британски боксер изјави дека тоа се случило кога имал 9 години. „Ромскиот крал“ носел спортски панталони со Пајо Паторот кои постојано му паѓале. Фјури моментално одмара откако претходно овој месец го нокаутира Дерек Чисора.
Се очекува Тајсон да се соочи со Александар Усик во неговата следна борба во 2023 година. Тие, за прв пат по 20 години, треба да борат за неприкосновен шампион во тешка категорија.
„Се сеќавам како се скаравме со соседот. Имав девет години. Шетавме низ куќата и се тепавме на тревникот без причина. Имав пар панталони со Пајо Паторот и тие постојано ми паѓаа.
Тоа се случуваше секогаш кога се обидов да удрам“, изјави Фјури за ИФЛ ТВ на Јутјуб.