И официјално, следен противник на поранешен светски првак Тајсон Фјури (27-0-1, 19 КО) е Германецот Том Шварц (24-0, 18 KO), а борбата ќе се одржи на 15 јуни во Лас Вегас.
Ова ќе му биде прв дуел на Фјури како дел од промоутерската агенција Топ ранг.
„Јас сум многу здрав, многу подготвен, немам трпение за мечот. Шварц е непоразен, млад, свеж и амбициозен“, изјави Фјури.
https://www.instagram.com/p/BvXynCEnNHq/?utm_source=ig_embed
24-годишниот Шварц е број 2 во светот на ранг листата на ВБО и има 24 победи од 24 натпревари, а 18 од нив се со нокаут. Сепак, според многумина експерти, Фјури избра разочарувачки ривал за неговата претстојната борба.
https://www.instagram.com/p/BvYBm3lACaS/?utm_source=ig_embed
Од таборот на Фјури објавија дека очекуваниот реванш со Дионтеј Вајлдер може да се одржи на почетокот од следната година. Сепак, сега Фјури е возбуден што за прв пат ќе се бори во Лас Вегас.
„Кога ќе почнете како дете, сонувате да ја разбиете Америка. Ќе се вратам и ќе се борам пред најголемата публика“.
Bob Arum: Wilder-Fury Rematch – Not Until February 2020 https://t.co/1SIflmwtL7 pic.twitter.com/N0mWtcB6Vv
— BoxingScene.com (@boxingscene) March 24, 2019
https://www.youtube.com/watch?v=i8DxW87DHSU
.