Тајсон Фјури: Правам уште три борби и се пензионирам

Наскоро Тајсон Фјури планира да се повлече од боксот. Поранешниот шампион во тешка категорија изјави дека му преостануваат уште три борби и дека потоа ќе ги закачи ракавиците на ѕид. Фјури (29-0-1, 20 КО) трите борби ги планира со Дионтеј Вајлдер, Ентони Џошуа и Дилиен Вајт.

Првата од овие три битки ќе биде следниот месец против Дионтеј Вајлдер (42-0-1, 41 КО) за титулата во тешка категорија на ВБЦ. Британецот верува дека може да го победи, а потоа планира да му даде шанса за титулата на Дилиен Вајт.

„Не знам дали ќе има трета битка со Вајлдер, но сепак имам уште три борби во боксот. Одам да се борам со Вајлдер, Џошуа и Вајт, а потоа се пензионирам. Ќе се борам со Вајт затоа што е задолжителен предизвикувач за 2000 дена и не добива шанса. Ќе се борам со него откако ќе го победам Вајлдер.

Мислам дека тој е добар боксер и тоа ќе биде една од моите последни борби. Тој е еден од оние што нема среќа, но ќе добие шанса за титулата. Не ми треба победа со одлука на судиите против Вајлдер, туку победа со нокаут. Тој ќе биде мојата 21-ва жртва што ќе биде нокутиран.

И двајцата немаме порази и се надевам дека ќе ме сретне во средината на рингот. Не сакам Џошуа да дојде во мојот камп, затоа што тој не може да се мери со Вајлдер. И неговото време ќе дојде“, соопшти Фјури.

Одлуката на Фјури е доста интересна, затоа што пред некое време изјави дека ќе се бори барем до 50-годишна возраст. Ако Фјури се придржува до планот, тој најверојатно ќе се пензионира некаде следната година на 32-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON