Тајсон Фјури откри од што се плаши: Тоа е мојата најтешка борба

Легендарниот британски боксер Тајсон Фјури во кариерата извојува 33 победи, а во 24 од нив победи со нокаут, има и едно реми.

Во декември 2018 година ремизираше против Дионтеј Вајлдер, а потоа отиде во победничка серија од шест борби во која двапати беше подобар од Бронзениот бомбардер.

Неговиот последен меч беше минатата година во декември, кога со прекинво 10. рунда го совлада Дерек Чисора и по трет пат го одбрани појасот шампион на ВБЦ.

Љубителите на боксот се надеваа на меч за апсолутен шампион во тешка категорија меѓу Фјури и Усик, но не беше постигнат договор, па и двајцата тргнаа по својот пат.

Усик неодамна боксираше и го победи Дубоа, додека Фјури ќе се бори со поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану на крајот на следниот месец.

Кралот на Ромите е уверен дека во моментов не постои боксер кој може да го победи, но во неодамнешното интервју за подкастот Аут оф интерест откри од што се плаши.

„Јас на себе сум најтешкиот противник. Секој пат. Единственото нешто што ме плаши е Тајсон Фјури, тој е единствениот кој може да ме победи и тоа психички“, призна шампионот на ВБЦ и продолжи:

„Најтешката битка што ја имам е борбата со психичките проблеми. Секогаш е тешко да се бориш против неа и се плашиш да не бидеш поразен од нејзе“.

Откако го победи долгогодишниот шампион Владимир Кличко (во ноември 2015 година), Фјури падна во депресија и зависност. Тој во овој период отворено зборуваше за самоубиствени мисли.

Беше надвор од рингот три години, а потоа се врати и стигна до меч против Вајлдер. Кралот на Ромите зборуваше на подкастот за тоа што го тера напред.

„Моите главни совети за борба против проблемите со менталното здравје се: мали краткорочни цели, структуриран рутински начин на живот, фитнес и здравје. Вежбање на отворено и живеење еден ден во исто време. Јадете и пијте добро, и тоа е навистина сè“, нагласи Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON