Тајсон Фјури откри од кого ги добил најсилните удари: Се чувствував како да ме прегазил воз

Неодамна шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, се потсети на некои од неговите неодамнешни борби кои беа добро врежани во неговото сеќавање.

Непоразениот Британец, кој следниот месец ќе го прослави својот 35 роденден, професионалната кариера ја започна во 2008 година. Оттогаш, победи на 33 натпревари и имаше едно реми.

Ото Валин му направи проблеми во септември 2019 година кога отвори голема исекотина над окото со силни удари, а Дiонтеј Вајлдер за малку ќе го исфрлеше од победничката низа една година претходно со доцниот нокдаун.

Фјури и Бронзениот бомбардер имаа уште два пати подоцна жестока битка, а во нивниот следен меч, Џипси Кинг го освои шампионскиот појас на ВБЦ.

Во неодамнешното интервју за подкастот Аут оф интерес, Фјури беше прашан дали некогаш чувствува милост кон противниците, на што тој одговори:

„Не земаме затвореници“!

А потоа се сети на својата последна борба во декември кога го победи Дерек Чисора во трилогијата со прекин во десетата рунда.

По мечот му испратив порака на Дерек во која напишав: „Ако се чувствувам како да ме прегазил воз, тогаш се чувствувате како да сте испаднале од авион“, рече Тајсон Фјури и додаде.

„Тоа беше навистина брутално. Договоривте меч за 12 рунди од по три минути со високо обучен спортист кој сака да ви ги здроби лицето, главата и телото. Примате силни удари од борец кој тежи 115 килограми и не е некој дебитант кој само мафта со рацете наоколу, тој има динамит во нив“.

И додека Усик го потврди мечот против Дубоа, како и борбата на Џошуа со Вајт, Фјури се уште не најде противник.

Неодамна се појави гласина дека Кралот на Ромите би можел да има егзибициска борба против поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану, тоа би било меч без нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON