Тајсон Фјури најави дека ќе го победи Вајлдер во пет рунди

Борбата за шампион на ВБЦ во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер е преместена за 9 октомври.

Причина за одложувањето беше тоа што Фјури беше позитивен на тест на коронавирус, па борбата се премести за наесен.

ВБЦ шампионот Тајсон Фјури е убеден дека повторно ќе го декласира Вајлдер кого го победи во февруари 2020 година во седмата рунда.

„Тој е ментално разбиен човек. Минатиот пат го уништив во седмата рунда, овој пат ќе падне до петата рунда“, истакна Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО